Британецот Луис Хамилтон од тимот на Мекларен е победник на премиерната трка возена во Остин за ГН на САД. Хамилтон до четвртата победа сезонава, а 21 во кариерата стигна со време 1:35:55 часа.
Шампионот од 2008 година на трката во Остин, успеа да ја прекине доминацијата на бранителот на титулата Германецот Себастијан Фетел кој и покрај тоа што ја имаше пол позицијата на крајот мораше да се задоволи со второто место.
Германецот водеше во поголемиот дел од трката, но во 42 круг беше претекнат од Хамилтон, кој успеа да остане на првото место до крајот на трката.
На најниското место на подиумот се искачи Шпнецот Фернандо Алонсо од Ферари. По ваквиот расплет во Тексас, јасно е дека шампионот ќе биде познат на последната трка за ГН на Бразил која се вози на 25 ноември, бидејќи Фетел, има преднос од 13 бодови пред Алонсо.
Бранителот на титулата моментно е лидер со 273 бодови, пред Алонсо со 206 и Кими Раиконен (Лотус) со 206 бодови.