Хамилтон победи во Канада

Од:

Светскиот шампион Луис Хамилтон ја запиша втората последователна победа во сезоната во Формула 1, откако тактиката на Мерцедес даде подобар резултат од онаа на Себастијан Фетел со Ферари.

Англичанецот триумфира по петти пат на трасата „Жил Вилнев“ во Монтреал, иако ја испушти првата стартна позиција и мораше да даде се од себе до последните обиколки.

Фетел заврши втор на малку повеќе од седум секунди, а трет финишираше Валтери Ботас со Вилијамс на повеќе од 45 секунди.

Макс Верстапен со Ред бул остана на четвртото место, а лидерот на табелата кај пилотите Нико Розберг имаше трка исполнета со перипетии и на крајот заврши петти.

Хамилтон го скрати заостатокот од Розберг на 9 поени во генералниот пласман, додека Фетел излезе на третото место.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он