Возачот на „Мерцедес“, Луис Хамилтон, победи на трката за Големата награда на Австрија откако во драматична завршница беше поумешен од клупскиот колега Нико Розберг.
Во последниот круг Хамилтон се обиде да го мине Розберг, кој беше лидер до тој момент, но Германецот погреши по што дојде до судар, а болидот на Розберг беше во лоша состојба.
Хамилтон извозе до првото место, а Розберг беше минат од Макс Ферстапен (втор) и од Кими Раиконен (трет).
Трката на „Ред бул ринг“ беше исклучително интересна. Прво механичарите го оневозможија Хамилтон да биде на првото место, а потоа Себастијан Фетел остана надвор од трката откако му експлодира едната гума. Сите овие пехови ги искористи Розберг, кој го имаше водството, но само до последниот круг.
Во генералниот пласман води Розберг со 153 бодови, иако за инцидентот е под истрага, а Хамилтон има 142, додека на делба на третото место се возачите на „Ферари“ Раиконен и Фетел со по 96 бодови.
Кај конструкторите на првото место е „Мерцедес“ со 295 бодови, пред „Ферари“ со 192.
Следната трка се вози на 10 јули на патеката „Силверстоун“.