Хамилтон од првата позиција во Силверстон

Од:

Актуелниот светски првак во формила 1, Британецот Луис Хамилтон од екипата на „Мерцедес“ ќе стартува од првата позиција во неделната трка за Големата награда на Велика Британија, која ќе се вози на патеката Силверстон.

Хамилтон до својата 55-та „пол позиција“ во кариерата стигна со одлично извозениот последен круг во квалификациите во квалификациите со кој го престигна својот клупски колега од „Мерцедес“ и водечкиот во генералниот пласман од Светското првенство во Формула 1, Германецот Нико Розберг, кој ќе стартува втор.

Од вториот стартен ред трката ќе ја започна двајцата пилоти на „Ред Бул“, Холанѓанецот Макс Верспапен и Австралиецот Даниел Рикардо.

Финецот Кими Раиконене од „Ферари“ е петти, а на шестата позиција се пласираше неговиот сонародник Валтери Борас кој вози за тимот на „Вилијамс-Мерцедес“. Следната стартна двојка ја сочинуваат Германецот Нико Хуелкенберг во „Форс Индија-Мерцедес“ и Шпанецот Карлос Сајнц Џуниор од „Торо Росо-Ферари“, а првата „десетка“ на стартот ја заокружуваат сито така шпанскиот возач Фернандо Алонсо од „Мекларен“ и Мексиканецот Серхио Перез од „Форс Индија-Мерцедес“.

Трката за Големата награда на Велика Британија ќе започне во 14 часот во недела.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он