Британецот Луси Хамилто ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Малезија, односно, втората трка од годинашниот шампионат во Формула 1.
Пилотот на Мерцедес, Хамилтон, утринава оствари најдобро време на патеката „Сепанг’’ во Куала Лумпур и ја оствари својата втора пол-позиција сезонава, вкупно четириесетта во кариерата.
Во првиот ред веднаш зад Хамилтон, утрешната трка ќе ја започне неговиот Германецот Себастијан Фетел возачот на Ферари.
Од вториот ред односно третото и четвртото стартно место ќе започнат, Нико Розберг од Мерцедес и возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо.
Малезиското Гран-при ќе започне во девет часот по македонско време.