Хамилтон: Не знам што да очекувам на секоја наредна трка

Од:

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон беше задоволен од денешната победа на трката возена за Големата награда на Кина. Тој во Шангај стартуваше од втората позиција, но веднаш го презеде водство и на крај победи.

–Се разбира, ова е посебно чувство – да победиш на 1000-тата трка во Формула 1 шампионатот. Победата има посебна тежина, бидејќи Ботас беше многу брз целиот викенд. Ние стигнавме до еден-два победа што е многу важно за тимот. Ова е фантастична тимска работа. Не знаевме што да очекуваме кога пристигнавме овде.

Почетокот беше од големо значење. Сè што се работеше беше совршено, како сонување. Но ситуацијата е напната. Вие не знаете што да очекувате во секоја од следните трки. Ферари може да одговори, Ред бул е исто така во играта. Сезоната ветува дека ќе биде возбудлива, изјави Хамилтон.

Во пласманот на Формула 1 шампионат лидер е Хамилтон со 68 бода, пред клупскиот колега Валтери Ботас со 62, трет е Макс Верстапен од Ред Бул со 39 бода.

Би можело да ве интересира

Хамилтон договори со Мерцедес годишна плата од 64 милиони долари

Хамилтон: Нема да е трагедија ако сезоната ја завршам без победа

Хамилтон: Болидот како да не сака да биде подобар

А1он

Тото Волф лут, Хамилтон и Расел шокирани од лошите перформансите на Мерцедес

А1он

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Макс Верстапен и Луис Хамилтон викендов се борат за историја

Ана Ололовска