Хамилтон најбрз на тренинзите во Кореја

Од:

На првите две тренинг возења пред трката од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Јужна Кореја најдобар резултат оствари Британецот Луис Хамилтон од „Мерцедес“.

Тој во првата тренинг сесија извозе најбрз круг со време 1:38.781, додека на вториот тренинг возеше круг со најдобро време 1:39.630.

Втор најдобар резултат постигна светскиот шампион, германскиот пилот Себастијан Фетел од „Ред Бул“ со 11 стотинки заостанување зад Хамилтон.

Нико Розберг од „Мерцедес“ имаше трето најбрзо време 1:38.797.

Утре ќе се возат квалификациите по кои ќе се знаат стартните позиции на главната трка закажана за в недела во 8 часот по средноевропско време.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он