Хамилтон најавува победа во САД

Од:

Шампионот од 2008 година во Формула 1,  Луис Хамилтон има намера да стане првиот човек кој што триумфирал на Патеката во Остин, каде што следниот викенд ќе се вози Американското Гранд При.

Хамилтон, кој на крајот од наредната сезона ќе премине во Mercedes F1, е целосно решен да се врати на врвот по откажувањето на последната трка во Абу Даби додека се наоѓаше на лидерската позиција.

„Лудо е да се помисли дека последното Американско Гранд При се случи пред пет години. Тоа е трка што сеуште ја помнам како да беше вчера. Тогаш ја остварив мојата втора Гранд При победа. За мена тоа беа многу забавни и незаборавни моменти”, рече Хамилтон.

„Оваа патека ја возев само на компјутер и во симулатор, но мислам дека ќе биде омилена помеѓу возачите и фановите. Нова патека, нов предизвик, нова можност… Дефинитивно ќе се обидам да бидам првиот Гранд При победник на Патеката на Америка”, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он