Пилотот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон се избори за нова пол позиција сезонава.
На квалификациите за ГН на Кина, тој имаше најбрз круг и на четвртата трка по третпат сезонава ќе стартува прв.
Второ време имаше Даниел Рикардо од Ред Бул, а трето време постигна светскиот првак Себастијан Фетел исто така од Ред Бул.
Вториот возач на Мерцедес Нико Розберг ќе стартува од четвртото место, а во третиот ред ќе бидат Фернандо Алонсо (Ферари) и Фелипе Маса (Вилијамс).
Квалификациите ги одбележа и дождливото време. Стартот на трката е утре во 9 часот.