Хамилтон ќе стартува прв во Абу Даби

Од:

Британецот Луис Хамилтон од Мекларен ја сопре доминацијата на Германецот Себастијан Фетел во Формула 1, откако успеа да ја освои пол позицијата за утрешната трка за Големата награда на Абу Даби.

Шампионот од 2008 година доминираше во квалификациите, а до пол позицијата дојде со време 1:40.630 минути.

Од првиот ред на трката во Абу Даби ќе стартува и Австралиецот Марк Вебер (Ред Бул), кој имаше второ најдобро време, додека Фетел и Пастор Малдонадо (Вилијамс) ќе стартуваат од вториот ред.

Трката во Абу Даби од петтата односно шестате позиција ќе ја стартуваат Финецот Кими Раиконен (Лотус) и Британецот Џенсон Батон (Мекларен).

Шпанецот Фернандо Алонсо (Ферари) не се покажа во најдобро светло и на утрешната трка ќе стартува од седмото место.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он