Хамилтон ќе стартува прв на Гранд прито во Русија

Од:

Британецот Луис Хамилтон ќе ја има првата позиција на стартот на утрешното руско Гранд при, во рамките од Формула 1 шампионатот.

Возачот на Мерцедес, Хамилтон оствари најдобро време на денешните квалификации возени на патеката во Сочи, каде за прв пат утре ќе се вози трка за Големата награда на Русија.

Веднаш зад него во првиот стартен ред ќе биде неговиот клупски колега и ривал за шампионскиот трофеј Нико Розберг.

Од вториот стартен ред трката ќе ја започнат, возачот на Вилијамс, Валтери Ботас и Британецот Џенсон Батон од Мекларен.

На четири трки до крајот на шампионатот, во генералниот поредок води Хамилтон со 266 бодови, само  10 повеќе од клупскиот колега Розберг. По нив следуваат возачите на Ред Бул, Рикардо со 193 и Фетел со 139 бода.

Трката за Големата награда на Русија, ќе се вози утре, а стартот е во 13 часот.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он