Луис Хамилтон забележа триумф на денешната трка што се возеше на патеката Хунгароринг крај Будимпешта и така си ги врати шансите за висок пласман на крајот од сезоната, па и за титулата.
Британецот, кој што на претходните трки се соочуваше со сериозни проблеми со болидот, овојпат имаше перфектен викенд во кој што целосно доминираше на унгарското гран-при.
Кими Раиконен мора да биде задоволен од своето издание со оглед на фактот дека Финецот упеа да стигне до второто место, пред својот тимски колега од Лотус Рено, Роман Грожан.
Актуелниот светски првак Себастијан Фетел мораше да се задоволи со четвртата позиција, пред Фернандо Алонсо, кој што на својот 31. роденден го освои само петтото место.