Шефот на Мерцедес, Тото Волф им вети на Луис Хамилтон и Џорџ Расел „значително“ подобар болид за Шпанското ГП во Барселона, по неубедливиот старт на сезоната за „сребрената стрела“ која не може да се носи со брзината на Ферари и Ред бул.
Минатонеделната трка во Мајами изледаше дека донесе пресврт во формата, откако Расел постигна најбрз круг на петочниот втор тренинг, но потоа тој не успеа да ги мине вторите квалификации, за во трката да заврши на петтото место пред Хамилтон.
Пред првиот „двоен викенд“, во кој по Барселона се вози и на улиците на Монте Карло, Волф вели дека ќе има „значителни“ пообрувања.
„Ќе направиме неколку експерименти со подот на болидот, а потоа во Барселона ќе донесеме многу промени кои се надеваме дека ќе донесат до решение. Не сме доволно брзи во квалификациите и засега сме далеку зад Ред бул и Ферари. Решението треба да го најдеме, а во петокот во Мајами покажавме дека сме способно за такво нешто“, вели Волф во интервју за „Ауто мотор унд спорт“.