Хамилтон чека нов договор од 40 милиони фунти годишно

Од:

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Луси Хамилтон изјави дека пред трката за Големата награда на Малезија, закажана за претстојниот викенд, очекува да потпише нов договор со тимот на Мерцедес.

„Во моментов адвокатите преговараат. Се надевам дека се ќе заврши пред викендот. Тоа би било одлично, но ако не е така, очекувам договор во најскоро време’’, изјави Хамилтон за британската телевизија „Скај спортс’’.

Медиумите во Британија, поитаа да ја објават и новата сумата која Хамилтон би ја заработил. Тие предвидуваат сумата да достигне до 40 милиони фунти годишно, што е двојно повеќе од актуелната заработка на двократниот светски првак.

Најплатен возач во Формула 1 првенството во моментов е Германецот, Себастијан Фетел кој со Ферари има договор вреден 37 милиони фунти.

Иако преговорите меѓу Хамилтон и челниците на Мерцедес, Тот Волф и Ники Лауда течат речиси два месеци, и покрај желбата на возачот, од тимот најавуваат дека не очекуваат да биде постигнат договор до крајот на викендот.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он