Халеп стартуваше со победа на женскиот Мастерс

Од:

Најдобрата светска тенисерка Романката Симоне Халеп со победа ги почна натпреварите на ВТА финалето што се игра во Сингапур или „женскиот Мастерс“ каде играат осумте најдобри тенисерки.

Таа во првиот натпревар од „црвената група“ ја победи Каролине Гарсија од Франција со 2-0 во сетови.

Халеп првиот сет го доби со 6:4 во гемови, а во вториот беше 6:2 во натпревар што траеше еден час и 27 минути. Во вториот натпревар од оваа група играат Елина Свитолина (Украина) и Каролине Возниацки (Данска).

Утре се играа натпреварите од 2.коло од „белата група“: Каролина Плишкова (Чешка) – Гарбине Мугуруза (Шпанија) и Венус Вилијамс (САД) – Јелена Осапенко (Летонија). По првото коло по една победа имаат Мугуруза и Плишкова.

Би можело да ве интересира

Халеп го откажа настапот на Вимблдон

Ѓоковиќ и Халеп најдобри тенисери во светот за 2018 година

Наум Локоски

Халеп поради повреда предвреме ја заврши сезоната

Халеп е нова тенисерка број 1 на ВТА листата

Наум Локоски

Халеп се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос

Наум Локоски

Халеп ја одбрани титулата во Мадрид

Наум Локоски