Романската тенисерка Симона Халеп ја одбрани титулата на ВТА турнирот во Мадрид откако синоќа во финалето ја победи Французинката Кристина Младеновиќ со 2-1 во сетови (7:5; 6:7 (5:7), 6:2 во гемови). Ова за Халеп е прва титула во 2017 година, а вкупно 15.та во кариерата.
Неизвесни беа првите два сета. Првиот го доби Халеп со 7:5, а следниот и припадна на Младеновиќ во тај брекот. Во решавачкиот сет шампионката Халеп загуби два гема во сетот.
Халеп е првата тенисерка која по Серена Вилијамс (2012 и 2013 година) ја има одбрането титулата на овој турнир.