Халеп е нова тенисерка број 1 на ВТА листата

Од:

Романската тенисерка Симона Халеп со денешната победа во полуфиналето на турнирот во Пекинг над Јелена Остапенко од Летонија, успеа да се избори в понеделник да биде тенисерка број 1 на светот.

Халеп ја победи Остапенко со 2-0 во сетови (6:2 и 6:4 во гемови) и со тоа и се реваншираше на Остапенко за поразот во финалето на Ролан Гарос.

Таа во финалето на турнирот во Пекинг ќе игра против Каролине Гарсија од Франција, која со 2-0 во сетови (6:3 и 7:5) ја победи Петра Квитова.

На машкиот дел од турнирот заврши едно полуфинале во кое Рафаел Надал го совлада Григор Димитров со 2-1 во сетови (6:3; 4:6 и 6:1). Негов ривал во мечот за пехарот ќе му биде победникот од дуелот меѓу Ник Кириос и Александер Зверев.

Би можело да ве интересира

Халеп го откажа настапот на Вимблдон

Ѓоковиќ и Халеп најдобри тенисери во светот за 2018 година

Наум Локоски

Халеп поради повреда предвреме ја заврши сезоната

Халеп стартуваше со победа на женскиот Мастерс

Наум Локоски

Халеп се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос

Наум Локоски

Халеп ја одбрани титулата во Мадрид

Наум Локоски