Двократниот Ф1 шампион, Мика Хакинен ќе учествува во „10-те часа на Сузука“ со Мекларен 720С ГТ3.
Поранешниот шамион на Формула 1 ќе се здружи со Кацуаки Кубота и Хироаки Ишира за Меѓународниот ГТ предизвик на 23-25 август.
Кубота е пилот на јапонската Формула 3, додека Ишиура е двократен шампион во Супер Формула.
Хакинен, кој возеше во ДТМ шампионатот откако заврши со Ф1 кариерата во 2001 година, размислува за враќањето во мотоспортот веќе некое време. Трката на „Сузука“ ќе биде првата меѓународна за Хакинен од 2011 година.
– Јас ја посетив „Сузука“ за прв пат по 16 години во март 2017-та и се запознав со многу ентузијастички фанови. Оваа година решив да се вратам во спортот и го избрав токму ова место за враќањето. „Сузука“ е и местото на кое ја освоив првата титула во Ф1, се сеќава Хакинен.
Минатата година „10-те часа на Сузука“ беше освоена од Маро Енгел, Тристан Вотиер и Рафаеле Марсиело со Мерцедес-АМГ ГТ3.