Гвардиола: Титулата може да се освои со гол-разлика

Од:

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека шампионот во оваа сезона ќе биде определен во самиот крај на првенството и е многу веројатно на крајот, титулата да биде решена со гол-разлика.

Во моментов „граѓаните“ имаат предност од пет гола пред Ливерпул и токму по овој показател денес можат да излезат на прво место, во случај да го победат Евертон во дуел од 27-то коло на Премиер лигата.

„Првата задача за играчите е да го освојат натпреварот, а втората е – ако можат да постигнат повеќе голови, а ако можат да забележат и чиста мрежа, да го сторат тоа. Затоа што титулата може да биде освоена и со гол-разлика. Сигурен сум дека шампионот ќе се реши во последниот натпревар или во последните два круга, сигурен сум од тоа“, рече Гвардиола.

Би можело да ве интересира

Дали е ова најдобрата работа во фудбалот? Гледа дуели, освојува трофеи и заработува милиони

Предраг Петровиќ

Грилиш беше „изнесен“ од кафеана во 5 часот наутро, Де Брујне едвај седна во такси

Предраг Петровиќ

Манчестер Сити е новиот шампион на Англија

Пеп Гвардиола: Би сакал еден ден да станам селектор

Гвардиола откри што ќе направи доколку Манчестер Сити биде исфрлен од лигата

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Бизарна снимка на Етихад, ѕвездата на Сити остана без заб

Предраг Петровиќ