Манчестер Сити доживеа изненадувачки пораз (1:2) од Брентфорд на „Етихад“ пред паузата за Светското првенство. Според Пеп Гвардиола, „граѓаните“ не можеле да се справат со долгите додавања кои голманот Давид Раја ги упатувал кон напаѓачите. Дополнително имале многу проблеми со проигрувањата на Иван Тони, кој ги постигна двата гола за гостите.
„Подобриот тим победи. Имавме многу проблеми. Не можевме високо да притиснеме бидејќи топката од голманот одеше директно кон напаѓачите. На овој начин не успеавме да освоиме ниту една топка. Во првите 15 минути имаа две одлични шанси, но не реализиравме. Тактички имавме проблем да ја контролираме играта. Не можевме да ги контролираме тие долги додавања од Раја до Тони“, изјави Гвардиола.
Арсенал го искористи поразот на Манчестер Сити и создаде предност од пет бода на врвот на табелата во Премиерлигата.
Извор: Топспорт