Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) иницираше постапка против менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.
На веб-сајтот на ФА е објавено дека тренерот го прекршил правилото за рекламирање во неколку натпревари. Тој носеше жолта лента со политичка порака, а за овој случај треба да се произнесе до 5 март.
Жолтата лента обично се толкува како поддршка на уапсените каталонски активисти и политичари кои се залагаат за отцепување на таа провинција од Шпанија.
Од друга страна, Гвардиола е свесен дека фудбалот не може да се користи за политички пораки и изјави дека е подготвен за секоја можна казна од ФА.