Гундоган е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата за февруари

Од:

Фудбалерот за врска на Манчестер сити, Илкај Гундоган, е прогласен за играч на месецот втор пат по ред. Истата награда ја освои во јануари.

Во февруари, 30-годишниот фудбалер учествуваше на пет натпревари во англискиот шампионат. Гундоган забележа асистенција против Барнли (2:0) и постигна два гола, против Ливерпул (4:1) и Тотенхем (3:0).

Оваа сезона, Гундоган одигра 32 натпревари за „граѓаните“, на кои постигна 14 погодоци и направи три асистенции.

Манчестер сити е на првото место во поредокот во Премиер лигата, со 14 бода предност пред Манчестер јунајтед.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска