(ВИДЕО) Гроздановски најавува победа на дербито во Битола

Од:

Влатко Грозданоски, поранешниот македонски репрезентативец и едно од поголемите засилувања на Вардар во новата сезона верува дека неговата екипа има квалитет да дојде до посакуваниот триумф на најголемото дерби на мак-фудбалот закажано за в недела во Битола против лидерот Пелистер.

– Ние како актуелни шампиони очекуваме да освоиме три бода, без разлика што играме на гостински терен, без разлика што играме дерби против Пелистер, тим кој секако го респектираме. Знаеме дека е многу квалитетна екипа, но мислам дека Вардар има квалитет, полека се воигруваме иако има доста нови играчи за разлика од минатата година. Сигурно очекувам во Битола да оствариме добар резултат, а за мене добар резултат е победа, изјави Грозданоски за официјалниот веб-сајт на македонскиот шампион.

Грозданоски очекува да се надминат недоразбирањата на „Комитите“ со управата на клубот и Вардар, да ја добие нивната поддршка на гостувањето кај вечниот ривал.

– Се надевам дека Комитите ќе дојдат во Битола. Дербито не е дерби без двете навивачки групи. За нас како фудбалери сигурно многу значи навивачите да бидат таму. Сигурно тоа може да биде мотив повеќе да оствариме добар резултат, потенцира Грозданоски.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска