Градскиот совет на Мајами го одобри проектот за организација на Ф1 трка

Од:

Мајами направи важен чекор кон тоа да има трка од Формула 1 на улиците на градот во текот на следната сезона, откако градскиот совет едногласно го одобри проектот. Стратешки план за поддршка на настанот, спонзориран од градоначалникот Френсис Суарез, беше презентиран пред градскиот совет.

По сослушувањето на членовите кои отворија различни теми во поддршка на трката, како и загриженоста за можните негативни ефекти од нејзиното спроведување, дојде време за гласање. Петте членови на комитетот едногласно ја поддржаа трката.

– Тоа е глобален спорт со приближно 1,8 милијарди телевизиски гледачи годишно. Верувам дека Ф1 ќе помогне на Мајами во тоа да стане глобален град. Имаме потенцијал за економски раст од 2,8 милијарди долари, каков што е пријавени во Остин помеѓу 2012 и 2015 година, изјави Суарез за време на сослушувањето.

Стана јасно и дека пристаништето во Мајами, исто така, ја поддржува трката и ова нема да е пречка за одржување на Гран При, откако се планира патеката да минува околу него. Следниот чекор е да се подготви договорот за организацијата на трката во градот, кој мора да биде готов пред 1 јули, а потоа да се анализира од градскиот совет.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ