Градоначалниците на Кисела Вода, Ѓорче Петров, Шуто Оризари и директорот на Агенцијата за млади и спорт одиграа кошаркарски натпревар

Од:

Во рамки на „Европската недела на спортот“, вчера во спортската сала „Независна Македонија“ градоначалниците на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, на Шуто Оризари, Курто Дудуш, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и дел од вработените во агенцијата одиграа пријателски кошаркарски натпревар.

Со одигрувањето на овој натпревар финишираше одбележувањето на „Европската недела на спортот“ во Кисела Вода.

За потсетување, во паркот Шопен се одбележаа „Европската недела на мобилност“ и „Европската недела на спортот“. По тој повод, во паркот се одржаа спортски активности и ликовен хепенинг на кој ученици од основните училишта сликаа на тема „Скопје град без возила“. Додека пак, по повод „Европската недела на спортот“ во истиот парк се одржаа и спортски активности на кои од страна на професионални спортисти на децата им беше покажано како правилно да спортуваат.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ги проследија овие активности на учениците.

Воедно, во рамки на одбележувањето на овие два настани, полициски службеници од СВР Скопје – одделение за превенција и ПС Кисела Вода во паркот им даваа совети на присутните граѓани и им поделија материјал со едукативна содржина.

Имено, од почетокот на одбележувањето на „Европската недела на спортот“, во Кисела Вода се одржаа повеќе спортски настани, се играше одбојка, кошарка и ракомет. Дечињата од градинките и учениците од основните училишта во Кисела Вода имаа можност да се дружат, запознаат и спортуваат со познатите македонски спортисти Елена Бубало, Марија Ѓурчиновска, Мартин Стефановски, Златко Диманоски, Драган Мицевски, Кристијан Вангелов, Даниел Трбогазов, Милева Велкова, Филип Василевски и Жарко Батиќ. Сите вклучени во овие активности од Агенцијата за млади и спорт добија маички со логото на кампањата #BeActive.

Проектот „Европска недела на спортот“ во Кисела Вода се реализираше во организација на Агенцијата за млади и спорт, со поддршка од градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.

Локалната самоуправа и во иднина ќе продолжи да дава поддршка на настани кои ќе го промовираат спортот, здравиот начин на живот, се со цел за правилно развивање и насочување на младите.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Скопјанка пријавила обид за киднапирање, жена се обидела да ја грабне ќерка и

Момче е осомничено дека силувало 14-годишно девојче

Тепачка пред полициска станица во Скопје, уапсени се тројца насилници

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on