Во фудбалскиот шампионат на Македонија, односно Првата лига, попладнево беа одиграни пет натпревари.
Дебитантот во оваа конкуренција, екипата на Гостивар, го совлада Работнички со 2:0.
Гостинска победа оствари и екипата на Бреглница која во Кичево го совлада Напредок со 2:0.
Еден гол го реши и победникот на натпреврот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Еуромилк кој заврши со триумф на гостите од 1:0.
Онаму каде, пак, се очекуваше стрелците да бидат поефикасни, на дерби средбите во Битола и Тетово, мрежите мируваа, па натпреварите Пелистер – Хоризонт Турново и Шкендија – Металург завршија без голови 0:0.
Колото ќе биде комплетирано вечерва по одигрувањето на натпреварот Вардар – Ренова кој ќе се игра на арената „Филип Втори“ во Скопје од 20 часот. зс/19:51
###