На двете денешни средби од 6. коло во Англиското фудбалско првенство победи постигнаа гостинските екипи.
Фудбалерите на Ливерпул беа убедливи со 3:1 на гостувањето против Сандерленд. Тие попладнево по двата неуспеха во претходните две кола остварија победа, вкупно четврта во шампионатот и се вратија на второто место на табелата со ист број бодови со третиот Тотенхем.
Головите за Ливерпул ги постигнаа: Даниел Стариџ во 28.минута и Луис Суарез во 36.минута и 88.минута. За Сандерленд стрелец беше Емануеле Џакерини во 52.минута.
На вториот натпревар од 6.коло одигран денеска Стоук – Норвич 0:1.
Резултати на натпреварите одиграни вчера: Тотенхем – Челзи 1:1, Астон Вила – Манчестер Сити 3:2, Фулам – Кардиф 1:2, Хал – Вест Хем 1:0, Манчестер Јунајтед – ВБА 1:2, Саутемптон – Кристал Палас 2:0 и Свонси – Арсенал 1:2.
Утре се игра последниот натпревар од ова коло Евертон – Њукасл.
Табела: Арсенал 15 бодови, Ливерпул 13, Тотенхем 13,Челзи 11, Саутемптон 11, Манчестер Сити 10, Хал 10,…