Горецка останува во Баерн до 2026

Од:

Германскиот фудбалски репрезентативец Леон Горецка дополнително ја зацврсти својата врска со Баерн Минхен, обврзувајќи се на верност кон клубот до 2026 година.

Со новиот четиригодишен договор Горецка стави крај на шпекулациите, кои го поврзуваа 26-годишниот фудбалер со можен трансфер во Премиер лигата.

Горецка дојде во редовите на Баерн во 2018 година од Шалке и досега со Баварците ја освои Лигата на шампиони и три германски титули.

– Со Баерн веќе освоив многу трофеи, а ќе биде уште поубаво доколку сето тоа продолжиме да го повторуваме, изјави Горецка.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Баер Леверкузен првпат поразени по 35 натпревари

Горан Наумовски

Матијс Тел влезе во историјата, а Штутгарт освои бод против Баерн

Левандовски одлучил да го напушти Баерн

А1он

Сане: Баерн е еден од фаворитите во Лигата на шампионите

Ландов

ЛШ: Натпреварот Баерн – Барселона без публика

А1он

Баерн и Јувентус први осминафиналисти во Лигата на шампионите

А1он