Горбок: Со нетрпение го чекав натпреварот

Од:

Повратникот во редовите на Вардар, Сергеј Горбок по вечерашниот триумф над Загреб во Лигата на шампионите, рече дека со нетрпение го чекал мечот по долгото отсуство поради повреда.

– Бевме подготвени за овој натпревар и во првото полувреме покажавме добра игра. Влеговме добро во натпреварот, но во вториот дел не одеше најдобро. Со нетрпение го чекаме новиот натпревар исто како и нашите навивачи. Јас сум презадоволен од тоа што се вратив на теренот. Деновиве разговаравме со Парондо и тој ми рече дека ќе ми даде шанса да играм.

Тренерот Роберто Парондо е задоволен од враќањето на двајцата леви бека Горбок и Борозан.

– Среќен сум што успеавме да се пласираме во четврт-финалето од Лигата на шампионите и задоволен сум што во тимот се вратија Вуко Борозан и Сергеј Горбок. На тој начин екипата е комплетирана за следните натпревари и можам да сметам на сите играчи, истакна шпанскиот стручњак.

Вардар во реваншот од осминафиналето на ракометната Лига на шампионите вечерва во Скопје го победи ППД Загреб со 32:30 и со вкупни со вкупни 59:48 оди во четвртфиналето.

Би можело да ве интересира

Пепи Манасков ќе ги тренира кадетите на Вардар

Жарко Настоски

Вардар загуби дома од ПИК Сегед

Жарко Настоски

„Вардарци“ заглавени во Порто, се бара чаре за враќање во Скопје

Жарко Настоски

Вардар вторпат за една недела поразен од Киелце

Жарко Настоски

Алушовски ги одбра ракометарите за претстојната сезона

А1он