„Вардарци“ заглавени во Порто, се бара чаре за враќање во Скопје

Од:

Поради проблеми со летот на релација Порто – Франкфурт, поврзани со анти-Ковид-19 правилата на германските власти, ракометарите на Вардар 1961 останаа во Португалија и ги пропуштија врзаните конекции до Белград и Скопје за враќање дома по вчерашниот дуел во Лигата на шампиони.

Вардаровата експедиција, како што е соопштено, наместо вечерва, би требало утре да тргне од Порто и преку друга конекција да стигне до Скопје.

– Нашите ракометари денеска не успеале да заминат со авионот од Порто, откако службениците од авиокомпанијата со која требало да летаат ги информирале нашите претставници дека поради новите Ковид правила што се воведени во Германија доколку заминат за Франкфурт ќе мора да бидат во карантин, дури и во случај на транзит. Екипата ги имаше сите потребни документи за патување, а пред заминувањето од Португалија биле направени и тестови на Ковид-19 со цел да има не постари од 48 часа. Но, и покрај сите потребни документи од авиокомпанијата и нивните службеници на шалтерот за пријавување не добиле дозвола да се качат на авион и да заминат за Франкфурт, соопшти македонскиот ракометен првак.

За проблемите во Порто со авионските врски информирани се и во ЕХФ, и заедно се бара начин екипата што побрзо да се врати во Скопје и да се подготвува за следните дуели со ПСЖ и со Флензбург.

Вардар 1961 вчера загуби во Порто од португалскиот првак со 27:24 во рамки на Лигата на шампиони, а веќе идниот вторник „црвено – црните“ ги очекува мечот против Пари Сен-Жермен во Париз.

Во меѓувреме, Вардар соопшти дека натпреварот против Пари Сен-Жермен (ПСЖ), закажан за 9 февруари во рамки на Лигата на шампиони (ЛШ), е одложен и ќе се игра во друг термин.

Канцеларијата на ЕХФ го информираше Вардар дека од Француската ракометна федерација добиле известување за нови рестрикции воведени од властите во Париз, што предвидуваат задолжителен двонеделен карантин за сите патници надвор од Европската унија.

– Новите правила се на сила до неодреден датум и поради тоа нема шанси да се одигра натпреварот од Лигата на шампионите во Франција. Европската ракометна федерација и клубовите ќе се договорат за нов можен датум за одигрување на натпреварот, соопшти македонскиот ракометен шампион.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски