Дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомез објави информација за неговата состојба по повредата на коленото што ја заработи во репрезентацијата на Англија.
– Мојот пат кон закрепнување започна. Веќе бев во ваква позиција. Знам што значи рехабилитација. Ќе се вратам уште подобро и посилно од порано. Очигледно дека сум уништен во моментов, но ова е дел од Божјиот план. Верувам дека има причина за сè. Сакам да им се заблагодарам на сите што ми испратија пораки со поддршка. Во моментов сум фокусиран на третман и ќе ги поддржувам соиграчите на кој било начин. Се гледаме наскоро, напиша Гомез на Твитер.
Гомез заработи повреда на коленото додека тренираше за Англија.
Лекарската служба на Ливерпул објави дека 23-годишникот ќе пропушти значителен дел од сезоната 2020/21. Претходно, Ливерпул го загуби дефанзивецот Вирџил ван Дајк поради скинати предни вкрстени лигаменти на коленото. Подоцна се повреди и играчот за врска Фабињо, кој го зазеде местото на Холанѓанецот во одбраната.