Резервниот голман на Пари Сен Жермен, Серхио Рико е примен во болница и е во тешка состојба, по несреќата што ја доживеа во Андалузија, соопшти денеска парискиот фудбалски клуб.
Поранешниот голман на Севиља во саботата навечер доживеа несреќа на фарма во Ел Роси. Рико не јавал на коњ, туку бил удрен во главата кога едно од животните побегнало, јавуваат странските медиуми.
„Тој е во тешка состојба“, изјави портпаролот на клубот, без да наведе детали за околностите на несреќата, додека шпанскиот весник Марка објави дека голманот моментално е стабилен.
По несреќата, 29-годишниот шпански голман со хеликоптер е пренесен во болницата во Севилја, каде што бил ставен на апарати за одржување во живот, објави локалната телевизија Канал Сур.
Тој дојде во клубот во 2019 година и одигра 24 натпревари, додека еднаш бранеше за шпанската репрезентација.