Голман на Манчестер имал сообраќајка додека одел на тренинг

Од:

Прилично лоша атмосфера имало на денешниот тренинг на Манчестер јунајтед во клупскиот центар „Карингтон“. На вчерашниот пораз од Ливерпул со 0:2 на „Енфилд“ се надоврзала и сообраќајната несреќа на резервниот голман, Аргентинецот Серхио Ромеро.

На пат кон тренинг центарот претпладнево, тој доживеал сообраќајна несреќа, ја пробил заштитната ограда и излетал од коловозот со своето Ламборџини.

Ромеро, за среќа, минал без повреди, а набрзо по инцидентот се појавија и фотографии на социјалните мрежи како стои до неговиот уништен автомобил вреден 170.000 фунти со кој се почести во 2017 година, по освојување на англискиот Лига Куп.

Првичните претпоставки за сообраќајната несреќа се однесуваат на замрзнатиот асфалт. Англиските медиуми наведуваат дека температурата во Манчестер утрово била под нулата.

Ромеро оваа сезона е резерва на Давид де Хеа и во негова сенка забележа само девет настапи за екипата од „Олд Трафорд“. Четири пати бранеше во мечеви од Лига Европа, три во Лига Купот и во два во ФА Купот. Во Манчестер Ј. пристигна во 2015 година од екипата на Сампдорија.

 

Би можело да ве интересира

Двајца моторџии излетале од пат, повредена и 23-годишна сопатничка

Анита Петровска Рајковиќ

Грчки државјанин удрил во две возила кај Стар Дојран

Сообраќајка на автопатот „Пријателство“ – удрил во паркирани автомобил и камион

Анита Петровска Рајковиќ

20-годишник од прилепско загина во тешка сообраќајна несреќа

Сообраќајка кај наплатната рампа кај Градско-четири лица се повредени

Анита Петровска Рајковиќ

Нормализиран сообраќајот на патот Штип – Кочани