Голден Стејт падна во Јунајтед Центарот

Од:

Изненадувањето на оваа сезона, тимот на Голден Стејт беше поразен во Јунајтед центарот во Чикаго со 103:87.

Кирк Хајнрих со 25 поени, Нејт Робинсон од клупата со 22 и тројцата стартери со трипл дабл Џими Батлер (16 & 12), Карлос Бузер (15 & 13) и Јоаким Ноа (14 & 16) го предводеа Чикаго до скор 26-16.

Кошаркарите на Атланта ја постигнаа 25. победа сезонава откако ноќеска пред своите навивачи по две продолженија го совладаа тимот на Бостон.

Првиот дел од натпреварот не навестуваше победа на Атланта, бидејќи Бостон водеше и со 27 поени разлика.

Најефикасен на натпреварот беше Клај Корвер со 27 поени, а постигна 8 тројки. Плејмејкерот на Бостон, Ражон Рондо втор натпревар по ред во две вечери остварува „трипл дабл“ (16 поени, 11 асистенции, 10 скокои), но без ефект, Бостон повторно загуби.

Преглед на резултатите на ноќеска одиграните НБА натпревари:

  • Вашингтон – Минесота 114:101
  • Атланта – Бостон 123:101 (две продолженија)
  • Мајами – Детроит 110:88
  • Кливленд – Милвоки 113:108
  • Чикаго – Голден Стејт 103:87
  • Мемфис – Бруклин 101:77
  • Њу Орлеанс – Хјустон 82:100
  • Далас – Сан Антонио 107:113
  • Сакраменто – Оклахома Сити 95:105
  • Лос Анџелес Лејкерс – Јута 102:84

Пласман Источна конференција: Мајами 28-12 (победи-порази), Њујорк 26-14, Чикаго 26 -16, Бруклин 26-17, Индијана 26-17, Атланта 25-18,…

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 34-10, Сан Антонио 35-11, Л.А.Клиперс 32-12, Мемфис 28-14, Голдн Стејт 26-16, Денвер 26-18,…

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите