Голак ја доби првата обележана планинарска патека долга 11 километри

Од:

Голак ја доби првата обележана планинарска патека која е долга 11 километри, а започнува од манастирскиот комплекс Балаклија над Делчево и води се до врвот Чавка.

На обележувањето на патеката изминатиот период работеа членовите на ПСД „Голак“ од Делчево. Како што истакна за МИА, претстедателот на ПСД Голак, Љупчо Чучуковски, оваа патека е пријавена во Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

– Патеката поврзува две точки кои имаат 980 метри висинска разлика, значи од манастирот „Св Балаклија“ до врвот Чавка. Ја обележувавме со основните бои црвена и бела. Инаку, ова е една од најчесто користените патеки од страна на планинарите кои сакаат да ја искачат планината се до највисокиот врв Чавка со 1536 метри надморска висина, но беше во многу лоша состојба. Успеавме да ја направиме проодна и обележана и сега љубителите на планината ќе можат безбедно да се движат по патеката, рече Чучуковски .

Тој додае дека со ова обележување на планинарската патека ќе се зголеми интересот на планинарите од земјава и соседните држава да го освојуваат Голак.

– Има голем интерес кај планинарските друштва, како од земјава, така и од соседните држави да планинарат на Голак. Затоа за нас обележувањето на патеката беше голем предизвик и очекуваме Голак да биде посакувана дестинација за палнинарските спортови, рече Чучуковски.

Инаку, Голак во себе крие и други планинарски патеки кои љубителите на планината од ПСД Голак, си поставија за цел да ги обележат, но планираат да обележат и патека наменета за планински велосипедизам.

Би можело да ве интересира

Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Предраг Петровиќ

Да се допрат снеговите на Килиманџаро

Ана Ололовска

Стотина Планинари денес се искачија на Царев Врв на Осоговските Планини

Ана Ололовска

Младиот планинар Ване Бошев од Неготино по втор пат го искачи врвот Мали Томор во Албанија, во услови на невреме

Ана Ололовска

Почнува првиот „Плетвар аутдор фестивал“

Ана Ололовска

Планинска тура на Шар Планина под мотото „Испоти се во природа“

Ана Ололовска