Англискиот судија со меѓународна лиценца Ентони Тејлор е отстранет од списокот на судии на Премиер лигата и во иднина ќе ја дели правдата на натпреварите од Чемпионшип.
Тејлор беше деградиран поради низа грешки кои ги направи во изминатите месеци. Oвој е судијата на кој УЕФА му го довери претходното финале од Лигата на Европа меѓу Севиља и Рома, по што многумина го нападнаа. Тренерот на италијанскиот тим Жозе Мурињо по финалето го чекаше на паркингот на стадионот за да се справи со него. Ниту УЕФА не беше задоволна од судењето на Англичанецот, а Тејлор беше нападнат на аеродромот од навивачите на Рома.
Тејлор имаше голем број дискутабилни одлуки и оваа сезона во Премиер лигата и кога оние кои се грижат за квалитетот на судењето повлекоа линија – заклучија дека Тејлор е под стандардот на најквалитетното натпреварување.
Поточно, го чинеше пеналот што го досуди за Њукасл против Вулверхемптон, кој, како што беше утврдено со проверката, не постоеше.