Извршниот директор на Глазгов Ренџерс, Чарлс Грин изјавил дека клубот од „Иброкс“ веќе некое време работи на тоа да се префрли во англиската фудбалска лига.
Ренџерс моментално настапува во третата шкотска дивизија, а челниците на овој клуб се незадоволни од плановите на челниците на Фудбалскиот Сојуз на Шкотска за воведување на нови закони во шкотскиот фудбал.
„Би бил пресреќен доколку како извршен директор на Ренџерс успеам да го воведам клубот во англиската лига. Ќе работиме на тоа. Баравме правни совети. Имав доволно индикации дека не сме омилени во шкотскиот фудбал и дека не го сакаат Ренџерс, па затоа барам други опции“ – изјави Грин и додаде:
„Само ако сакате да ми објасните зошто велшки клуб може да игра во Англија, а шкотски не“