Ѓуровски со нова формација против Катар

Од:

Селекторот Бошко Ѓуровски најавува изменет состав за утре во Риети против Катар.

Покрај Пачовски и Попов ќе недостасуваат и други играчи. Шанса ќе добијат оние што имаа помала шанса.

Дефанзивецот на Черноморец, Александар Дамчевски, доби дополнителен повик од селекторот Бошко Ѓуровски, за утрешниот втор пријателски дуел на фудбалската репрезентација на Македонија, против Катар во Риети, Италија (19ч.).

По откажувањето поради повреда на Ѓоко Зајков и отсуството на Ванче Шиков, селекторот се одлучи на уште еден дебитант во сениорскиот тим, Дамчевски, кој досега настапуваше за селекцијата до 21 година. Голманот на Динамо Букурешт, Кристијан Наумовски, е во комбинација за настап откако стандардниот Томе Пачовски по заедничките консултации со стручниот тим е поштеден од подготовките во Италија.

„Мотив за утрешниот натпревар нема да недостасува. Со оглед на квалитетот, верувам дека ќе оствариме резултат каков што посакуваме. Резултатот на овие контролни дуели е важен, но во овој момент не е пресуден за нашата репрезентација. Реков дека мојата основна цел на натпреварите е да направам селекција која ќе го носи товарот на битните натпревари од квалификациите за ЕП во Франција, тогаш и мојата одговорност ќе биде многу повисока, ќе зависам од резултатите на својот труд. Катар сигурно ќе има голема желба да оствари позитивен резултат, ќе видиме на кој начин ќе бидат поставени, но најважно е ние да бидеме во вистински ритам. Ќе има промени во нашиот состав, веројатно ќе играме и формациски на друг начин во однос на натпреварот против Камерун. Се надевам дека секој од нас ќе биде на висина на задачата. Доколку ги исполниме тактичките замисли и секој од играчите биде фокусиран на своите обврски ќе ни биде полесно на сите“, изјави селекторот Ѓуровски за официјалниот сајт на ФФМ.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска