Ѓуровски: Кина последна шанса за некои играчи

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Бошко Ѓуровски во пресрет на пријателските натпревари со Кина изјави дека дел од потенцијалните репрезентативци ја имаат последната можност да докажат дека го заслужуваат неговиот повик.

– Целта на овие натпревари е да се добие вистинска слика за потенцијалот на играчите од домашното првенство. Дуелите против Кина ќе ни потврдат дали имаат квалитет вистински да се наметнат во репрезентацијата. Резултатот не е најголем приоритет, главниот наш фокус е да ја добиеме вистинската слика за играчите кои добиваат шанса да се наметнат, а потоа и да бидат дел од составот кои ќе го носи товарот во важните натпревари од квалификациите за Европското првенство. Ова е веројатно последната шанса дел од фудбалерите да се изборат за место во националниот тим, нагласи Ѓуровски.

Македонската репрезентација составена од играчи од домашното првенство вчера ги започна подготовките за ови натпревари. На повикот од селекторот, потврдно не одговори единствено Ѓоко Зајков, новиот стопер на француски Рен. Сите останати фудбалери кои беа на списокот се во функција на тимот и ќе ги одработат подготовките пред контролните пресметки.

Првиот натпревар Македонија против Кина го игра на 18 јуни во Шенјанг, а четири дена подоцна во Џинан двете репрезентации ќе го одиграат вториот меѓусебен дуел.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска