Ѓуровски го одреди почетниот состав за натпреварот со Кина

Од:

Селекторот на македонската А репрезентација ги одреди првите единаесет кои ќе го започнат натпреварот против Кина, кој се игра денеска во Шенјанг со почеток во 13 часот и 45 минути по македонско време.

Ѓуровски се одлучи за следните фудбалери кои ќе му се спротивстават на домашниот тим: Наумовски Кристијан, Дамчевски Александар, Цуцули Ардиан, Најденов Бојан, Лена Нијас, Велковски Дарко, Илиоски Баже, Љамчевски Благоја, Сиљановски Горан, Тодоровски Благоја и Аврамовски Даниел.

Македонската репрезентација составена главно од играчи од домашниот шампионат покрај денешниот ќе одигра и втор натпревар против Кина, на 22 јуни во Јинан.

Ѓуровски се надева дека неколку млади фудбалери ќе ја оправдаат довербата и сериозно ќе се наметнат во најдобрата наша репрезентација.

– Кина е фаворит, ние сме со подмладен состав, но тоа не значи дека однапред ќе се предадеме. Напротив, играчите се тие кои треба да го покажат и докажат својот квалитет и да сфатат дека ваквиот тип на натпревари може да им донесат само позитивни работи. Секако, позитивни и за нас доколку ме убедат дека имаат потенцијал и квалитет да ја зголемиме конкуренцијата пред почетокот на квалификациите за ЕП во Франција, изјави македонскиот селектор во пресрет на денешната средба со кинеската репрезентација.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска