Ѓоковиќ: Засега немам никакви политички аспирации

Од:

Новак Ѓоковиќ во големото интервју за CBS зборуваше за многу важни детали од неговата богата кариера.

Еден од нив е финалето на Вимблдон во 2019 година против Роџер Федерер.

Пет часа игра, фантастична игра и пат од работ на поразот до можеби најголемата победа во кариерата во пет сета. Новак изјави дека на тој меч бил психички посилен од Федерер.

„Тоа се случи во 2019 година кога го играв финалето на Вимблдон, тој маратонски, епски меч со Роџер. Сетови што ги освоив беа добиени во тај-брејк, 7:6, 6:7, 13:12. А вкупно, ако погледнете статистика, тој беше подобар играч од секој аспект. Но, јас го добив натпреварот. И тоа навистина ти кажува дека сепак можеш да победиш ако избереш во кој дел од натпреварот ќе бидеш на врвот и да одиграш најдобро кога тоа е важно“, вели Новак.

Во истото интервју, Новак беше прашан и за неговите можни политички амбиции.

Без разлика на неговиот голем социјален ангажман, пред се преку фондацијата Новак Ѓоковиќ, тој вели дека воопшто не планира да се занимава со политика.

„Во моментов немам никакви политички аспирации. Не чувствувам дека ова е светот или средината во која би блескал. Сепак, мислам дека мојата популарност во земјата и во регионот може да се искористи за некои други работи во кои би можел да придонесам за животот на општеството“, јасен е Ѓоковиќ.

Новак изјави и дека и на 36 години нема намера да застане и дека се уште е подготвен да соборува тениски рекорди.

“Мислам дека тоа е сосема нормално. Да се ​​биде искрен и да се биде тоа што си, да се изразува она што го чувствуваш. Само се трудам да бидам искрен со себе и со другите и да кажам кои се моите вистински цели. Така е”, изјави најдобриот играч на светот.

Би можело да ве интересира

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Ѓоковиќ: Морам да ги балансирам приватниот и професионалниот живот, ќе се вратам во Мајами

ВИДЕО: Индијан Велс заврши за Ѓоковиќ, елиминиран е од 20-годишен Италијанец

Новак Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата