Ѓоковиќ за повредата: Направив лошо движење, не изгледа страшно

Од:

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ го победи Аргентинецот Хорацио Себаљос со 6:2, 6:1, 6:3 и се пласираше во третиот круг на „Вимблдон“.

На средина на третиот сет, Ѓоковиќ имаше проблеми во левата нога. Тој побара лекарска консултација.

– Направив лош потег и тоа имаше ефект на коленото. Не изгледа како нешто страшно, ќе видиме како ќе се чувствувам на тренинг утре. Чувствував болка до крајот на натпреварот, правев неколку проверки. Тетивите се во ред, ништо страшно. Во спротивно ќе се повлечев, рече Ѓоковиќ веднаш по мечот.

Српскиот тенисер, исто така, рече дека е многу импресиониран од начинот на кој Федерер игра и како се движи на тревна површина.

Поранешниот број еден исто така, зборуваше за идната генерација на играчи.

– Тенисот има потреба од овие играчи, потребни се тенисери од следната генерација, кои ќе станат големи ѕвезди. Се разбира, кога тоа влијае на вас, тогаш тоа малку ви смета, изјави, во моментот 21-от, тенисер во светот.

Во третиот круг, Србинот ќе игра против Кајл Едмунд.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ го најави младиот Бразилец за свој наследник, а овој „му заби нож в грб“

А1он

Беретини го елиминира Ѓоковиќ во првото коло на турнирот во Доха

Ѓоковиќ остро за Синер: Земјотрес, oва е голем проблем за спортот

А1он

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ