Ѓоковиќ го најави младиот Бразилец за свој наследник, а овој „му заби нож в грб“

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ веќе подолго време го фали талентираниот Бразилец, Жоао Фонсека, а неговите зборови почнаа да се претвораат во реалност на почетокот на календарската 2025 година.

Фонсека остави голем впечаток во Австралија, каде дури го победи и Андреј Рубљев, а потоа на 18 години го освои својот прв АТП турнир – во Буенос Аирес.

Ѓоковиќ е најдобриот по секој можен параметар, но 18-годишниот тенисер не мисли дека Србинот е најголемиот на сите времиња, туку за него тоа е Роџер Федерер.

„Федерер е најголемиот идол што сум го имал. Тоа не може да се смени. Луѓето можат да кажат дека Ѓоковиќ е најголемиот на сите времиња, но за мене нема дилема, конкуренција”, изјави Фонсека и додаде:

„Ѓоковиќ можеби е најдобар на сите времиња, но најголем е Федерер. Без конкуренција“.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ e елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД

Ѓоковиќ: Сè уште се надевам дека ќе можам да стигнам до следните Олимписки игри

А1он

Синер пресилен за Ѓоковиќ – обезбеди финале на Вимблдон

А1он

Ѓоковиќ пцуеше на Вимблдон – казнет е 5.600 фунти

А1он

Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон

Горан Наумовски

Ѓоковиќ се пласираше во осминафинале на Вимблдон

А1он