Ѓоковиќ во септември ќе избие на второто место на вечната листа тенисери што поминале најмногу недели на врвот

Од:

На 17-кратниот освојувач на Грен слем турнирите, Новак Ѓоковиќ му е гарантирано второто место на листата со најдолг стаж на врвот на светската ранг-листа.

Сега Србинот ја поминува 283-тата недела како број 1, а на 21 септември ќе го помине Пит Сампрас, кој беше прв рекет на светот 286 недели.

Ваквиот резултат на Ѓоковиќ му се обезбеди со поразот на Доминик Тим на Мастерсот во Њујорк. Австриецот дефинитивно нема да успее да стане број 1 до моментот кога Ѓоковиќ ќе го престигне Сампрас.

За потсетување, рекордот му припаѓа на Роџер Федерер, кој беше прв на АТП листата 310 недели.

Ако Ѓоковиќ остане на лидерското место во континуитет до 8 март 2021 година, тој ќе го надмине и Федерер.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ го најави младиот Бразилец за свој наследник, а овој „му заби нож в грб“

А1он

Беретини го елиминира Ѓоковиќ во првото коло на турнирот во Доха

Ѓоковиќ остро за Синер: Земјотрес, oва е голем проблем за спортот

А1он

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ