Ѓоковиќ во полуфинале на турнирот во Торонто

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ избори пласман во полуфинале на „Роџерс купот“ во Торонто.

Светскиот рекет број еден иако не одигра најдобро во дуелот со чешкиот тенисер Томаш Бердих сепак забележа победа во два сета и тоа со 7:6 и 6:4. Со ова Србинот ја продолжи низата од дванаесет победи во дуелите со Бердих.

Новак Ѓоковиќ во полуфиналето ќе се сретне со Французинот Гаел Монфилс (10-ти носител), кој славеше над домашниот адут Милош Раониќ (4).

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Станислас Вавринка и Кеи Нишикори.

Вавринка место меѓу четворицата најдобри во Торонто избори со победата од 2:0 во сетови над Јужноафриканецот Андерсон, додека Јапонечот Нишикорои во полуфиналето се пласира со победата над Димитров од Бугарија кој го совлада со 2:1 во сетови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петмина загинати во престрелка во близина на Торонто

Горан Наумовски

Избодени три лица во Торонто

Лоренцо Инсиње го постигна првиот гол во дресот на Торонто

Инсиње летово ќе се пресели во Торонто, трансферот е договорен

А1он

Ѓоковиќ ја почна 345 недела на врвот на АТП листата

Пукање на роденденска забава во Торонто, повредени три деца и двајца возрасни

Ландов