Пукање на роденденска забава во Торонто, повредени три деца и двајца возрасни

Од:

Три деца и двајца возрасни се повредени по пукањето на детската роденденска забава во западниот крај на Торонто, соопштија официјалните лица.

Според канадската полиција, меѓу ранетите имало едногодишно момче, петгодишно девојче, 11 годишно момче и 23 годишен маж. Засега не е познато дали второто повредено возрасно лице има повреди од огнено оружје. Според болнички извори, едно дете е во критична состојба, другото е во сериозна, а третото е со полесни повреди.

Полициската инспекторка Кели Скинер дека единствената достапна информација за осомничените е дека биле повеќемина и дека „избегале од областа“. –  Не знаеме што доведе до пукањето, рече таа, додавајќи дека кога полицајците пристигнале на местото на настанот, било „хаотично“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петмина загинати во престрелка во близина на Торонто

Горан Наумовски

Избодени три лица во Торонто

Лоренцо Инсиње го постигна првиот гол во дресот на Торонто

Инсиње летово ќе се пресели во Торонто, трансферот е договорен

А1он

Бостон поведе во конференциското полуфинале со Торонто

А1он

Шампионите во Торонто ја завршија регуларната сезона со победа

Ландов