Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон

Од:

Новак Ѓоковиќ е последниот, четврти патник во полуфиналето на Гренд-слемот Вимблдон.

По исцрпувачки маратонски меч што траеше 5 часа и 15 минути, Ѓоковиќ го совлада Канаѓанецот, Феликс Оже-Алијасиме со 3:2 во сетови.

Тоа е најдолгиот меч во оваа фаза (четвртфиналето) на турнирот во Лондон.

Првиот сет донесе огромна драма на Централниот терен и траеше дури 81 минута. Ѓоковиќ покажа челични нерви во тај-брејкот и го доби на поени со 12:10.

Канаѓанецот возврати со сигурен сервис во вториот сет и брзо го израмни резултатот на 1:1, добивајќи го сетот со 3:6.

Новак возврати со ист резултат во третиот сет (6-3) и поведе со 2:1. Оже-Алијасиме не се предаваше и успеа да го одведе мечот во одлучувачки петти сет, откако Канаѓанецот го доби четвртиот сет во тај-брејк со 4-7 на поени.

И во решавачките пети сет се играше тај-брејк, во кој Ѓоковиќ ја искористи првата меч топка, за негово 15-ѕо полуфинале на лондонската трева.

Во борбата за ново финале, Новак ќе ги одмери силите против бранителот на шампионскиот трофеј и светски рекет број 1 Италијанецот, Јаник Синер.

Би можело да ве интересира

Синер пресилен за Ѓоковиќ – обезбеди финале на Вимблдон

А1он

Ѓоковиќ пцуеше на Вимблдон – казнет е 5.600 фунти

А1он

Ѓоковиќ се пласираше во осминафинале на Вимблдон

А1он

Новак се мачеше, но стигна до третото коло на Ролан Гарос

Горан Наумовски

Шок за Ѓоковиќ на Мастерсот во Рим – српскиот ас се „сопна“ на првата скала

А1он

Ѓоковиќ сруши рекорд на Федерер – до крај на годината може уште еден

А1он