Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на УС Опен

Од:

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на УС Опен, откако во три сета го совлада Хрватот Борна Гојo со 6:2, 7:5, 6:4.
Два часа и 25 минути траеше натпреварот на стадионот „Артур Еш“.

Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра против деветтиот носител, миленикот на домашната публика, Американецот Тејлор Фриц, кој го победи и Доминик Стајкер од Швајцарија со 3:0 – 7:6, 6:4, 6:4.

Ова е 13-то четвртфинале на Новак на УС Опен, израмнувајќи се со Андре Агаси и Роџер Федерер. Само Џими Конорс е напред со 17.

Интересно е што во делот на ждрепката на Новак останаа само Американци. Во второто четвртфинале се среќаваат Тиафо и Шелтон кои се потенцијални ривали во полуфиналето.

Би можело да ве интересира

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Ѓоковиќ: Морам да ги балансирам приватниот и професионалниот живот, ќе се вратам во Мајами

ВИДЕО: Индијан Велс заврши за Ѓоковиќ, елиминиран е од 20-годишен Италијанец

Новак Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата