Ѓоковиќ се огласи по позитивниот тест: Турнирот го организиравме прерано, тоа беше грешка

Од:

Светскиот тенисер број еден, Новак Ѓоковиќ, се огласи со извинување за дебаклот со организацијата на турнирот „Адрија тур“ во Задар, за време на кој повеќе тенисери, меѓу кои и тој самиот, се заразија со коронаворусот.

Ѓоковиќ зборуваше за организацијата на хуманитарниот турнир, објаснувајќи дека за тоа било премногу рано, и дека и тој и другите организатори направиле грешка.

Најдобриот светски тенисер им се извини на сите кои се оштетени од турнирот.

„Длабоко им се извинувам на сите на кои турнирот им нанесе штета. Сè што направивме јас и организаторите во претходниот месец, го направивме со искрена намера и чисто срце. Верувавме дека турнирот ги исполни сите здравствени протоколи и дека нашиот регион е во добра состојба за да ги обедини луѓето од филантропски причини. Направивме грешка, беше прерано. Не можам да ви опишам колку ми е жал за апсолутно секој случај на заболен. Доколку сте биле на „Адрија тур“ или сте биле блиску до некој од учесниците, ве молам тестирајте се и почитувајте ја социјалната дистанца, напиша Ѓоковиќ.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ: Сам на себе сум си најголема закана

Уште еден рекорд на Новак Ѓоковиќ

Горан Наумовски

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска