Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска на прес-конференцијата пред натпреварот од првото коло на Австралија опен изјави дека сам на себе си е најголема закана.
Ѓоковиќ утре од 9 часот во натпреварот од првото коло на Австралија опен ќе игра со младиот хрватски тенисер Дино Призмиќ.
„Јас сум најголема закана за себе, секогаш е така. Зглобот ми е во ред. Имав време од последниот натпревар до сега, добро тренирам, нема болки на тренинзите, ќе видиме како ќе биде. Не е толку сериозно како повредите што ги имав во 2021 година и лани, тоа беа полоши повреди“ истакна Ѓоковиќ.